четврток, 5 декември 2024

Украина: Руските сили се „многу далеку“ од заземање на Бахмут

Објавено на

часот

Сподели

Черевати за Ројтерс преку телефон изјавил дека Бахмут е украински.

„Бахмут е украински, тие ништо немаат заземено и се многу далеку од тоа, најблаго кажано“, истакнал Черевати.

Руската паравоена група Вагнер во неделата објави дека го подигнала руското знаме на зградата на градската управа во Бахмут.

„Руските трупи не можеа да го пресечат патот што се користи за снабдување на украинските вооружени сили“, рече портпаролот.

Тој додаде: „Украинската армија во Бахмут е снабдена со сѐ што е потребно“.

Бахмут е важен сообраќаен центар на истокот на Украина, а Русија тврди дека е целосно опколен од нејзините сили и дека тие контролираат поголем дел од градот. Градот останува еден од главните фокуси на руските напади, артилериски и пешадиски.

Руските војници и платениците од групата Вагнер се заглавени во најдолгата исцрпувачка битка од почетокот на војната, вели Скај њуз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ