Претставничката за медиуми на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека се работи за терористички напад врз цивили.
„Целен напад врз цивили. Режимот во Киев со години врши терористички напади врз цивили. За таков тероризам врз цивили, Вашингтон обезбедува пари и технологија, а во исто време со години дава изјави за „човекови права и борба против тероризмот“, изјави Захарова.
Како што истакна таа, „бранителите на човековите права“ повторно нема да обрнат внимание на овој напад.
„Претставниците на меѓународните организации повторно ќе потонат во неразбирливи хартии, и повторно „експертите“ нема да ја одредат насоката на ударот. За мене, нашите луѓе на фронтот се вистински бранители на човековите права. Тие вистински го бранат правото на живот по сопствена цена“, рече Захарова.