среда, 11 декември 2024

Владата потврди дека конечно е постигнат договор со банките за користење на унгарскиот кредит

Портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција информираше дека е постигнат договор со банките и средствата од унгарскиот кредит ќе го придвижат стопанството.

Објавено на

часот

Сподели

„ На седница на Владата, одржана на 26.11. се донесе заклучок во врска со предлогот на Министерството за финансии за условите за кредитна линија од унгарскиот кредит, а во однос на користење на средствата од кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва. Врз основа на истото Владата го задолжи Министерството за финансии во соработка со Развојната банка да преземат активности околу операционализација на средствата од кредитната линија под следните услови: минимален износ по корисник до 10 милиони евра; рок на отплата од страна на крајниот корисник до 15 години со вклучен грејс период до 3 години и квартална отплата по завршување на грејс периодот;  фиксна каматна стапка од 1,95% без надомест за одобрување и управување; сопствено учество на крајниот корисник од минимум 20% од вкупната вредност на инвестицијата“, наведе Митева.

Дополнително, средствата од кредитната линија за финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски друштва ќе бидат наменети за финансирање на дејност производство и истите ќе можат да се користат за следните намени: инвестиции во опрема, како што се машини и останата опрема; недвижности (погони, фабрики , деловни објекти за сопствена употреба); транспортни средства поврзани со производствениот процес; обновливи извори на енергија наменети за производство на енергија и нематеријални средства како што се инвестиции во развојот и софтвери.

Исплатата ќе биде извршена врз основа на доставени фактури од страна на крајниот корисник со цел обезбедување на соодветна контрола на искористувањето на средствата.

„ Имајќи предвид дека бруто-домашниот производ е проектиран на 16 милијарди, станува збор за 5 проценти од бруто домашниот производ, средства коишто очекуваме да бидат инвестирани оваа и следната година. Тоа е алатка со која што ќе се бориме против евентуалната економска криза и со која ќе ја придвижиме економијата во целост“, кажа портпаролката на Владата, Марија Митева.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ