среда, 11 декември 2024

Возач со полн автомобил мигранти фатен близу грчка граница

На место викано „Солунски пат“, во близина на границата со Грција, вчера во 16.45 часот полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран го лишиле од слобода Ј.М.(31) од с. Синѓелиќ, скопско.

Објавено на

часот

Сподели

МВР денеска соопшти дека Ј.М. со патничко возило сеат леон со скопски регистарски ознаки, превезувал шест лица-мигранти, од кои пет од Кина и еден од Пакистан.

Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија и Прифатниот центар за странци-Гази Баба во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ