среда, 11 декември 2024

Израелски министер: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израелскиот десничарски политичар и министер Амихаи Елијаху ја критикуваше својата влада предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху, тврдејќи дека Израел се согласил на примирје со Либан „под принуда“ и покрај тоа што не успеал да го победи Хезболах.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Говорејќи за израелскиот весник „Маарив“, Елијаху исто така ги критикуваше условите за прекин на огнот и потпирањето на Тел Авив на Соединетите Американски Држави (САД).

Елијаху, член на екстремно десничарската партија Отзма Јехудит (Еврејски сили) предводена од министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир – кој беше единствениот член на израелскиот безбедносен кабинет кој гласаше против договорот – го опиша договорот со Либан како ужасен.

„Договорот нема многу од условите за кои разговаравме – тампон зона и разоружување на Хезболах. Ако сакаме да обезбедиме долгорочна безбедност на северот, треба да донесеме одлука“, рече Елијаху, додавајќи: „Тоа не е победа. Победа е освојување“.

Зборувајќи за улогата на Соединетите Американски Држави во преговорите, Елијаху не е задоволен. „Свесен сум дека има притисок од американската страна, се надевам дека следната администрација ќе ни овозможи да се однесуваме поудобно“, додаде тој. Исто така ја критикуваше и зависноста на Израел од американската поддршка, вклучувајќи ги и воените набавки. Се додека вака зависиме и додека ни доаѓа муниција од таа страна, рацете и нозете ни се врзани, нагласи Елијаху.

Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанската група Хезболах, постигнат со посредство на дипломатските напори на САД и Франција, стапи на сила во средата во 4 часот по локално време.

Според договорот, либанските вооружени сили ќе се распоредат во јужен Либан во рок од 60 дена, а за тоа време Израел постепено ќе ги повлече своите преостанати сили. Договорот бара и Хезболах да ги премести своите сили северно од реката Литани.

Договорот меѓу Израел и Либан стапи на сила неколку часа откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е постигнат договор за ставање крај на конфликтот, со надеж дека така ќе се стави крај на израелските воздушни напади врз либанските градови и ќе стави крај на прекуграничните борби кои траат една година.

Повеќе од 3.800 луѓе се убиени во конфликтот во Либан оваа година, повеќето по ескалацијата и израелските напади од почетокот на октомври, според либанските здравствени власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ