Лидерот на џихадистичката организација Исламска држава (ИСИС), одговорна за нападите во Европа, е убиен во американски напад во Сирија, соопшти рано утрово американската воена команда за Блискиот Исток (Центком).
Соединетите Држави во понеделникот извршија воена операција во која беше убиен висок лидер на ИСИС во Сирија, се вели во соопштението на Центком.
Халед Ејд Ахмад ал-Џабури бил „одговорен за планирање напади на ИСИС во Европа и ја разви лидерската структура на ИСИС“, се вели во соопштението.
Минатата недела, новинската агенција ТАСС објави дека Русија протестирала до коалицијата предводена од Америка против ИСИС поради „провокативните акции“ на американските вооружени сили во Сирија.
Во овој напад нема загинати ниту повредени цивили, соопшти Центком и додаде дека групата „продолжува да претставува закана за регионот и пошироко“.
„Иако деградирана, групата останува способна да спроведува операции во регионот со желба да нападне надвор од Блискиот Исток“, се вели во соопштението. Се додава дека смртта на ал-Џабури „привремено ќе ја наруши способноста на групата да планира напади во странство“.