четврток, 5 декември 2024

Уапсена девојка за убиството на рускиот воен блогер (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Жената осомничена за убиство на познатиот руски воен блогер Владлен Татарски е приведена, објави во понеделникот Истражниот комитет на земјата. Дарја Трепова претходно беше ставена на руската листа на барани лица.

Татарски, чие вистинско име беше Максим Фомин, беше домаќин на средба со обожаватели во кафуле во центарот на Санкт Петербург во неделата вечерта, кога експлодираше бомба, убивајќи го него, а повредувајќи повеќе од 30 луѓе.

д

Сведоците рекоа дека непосредно пред експлозијата една млада жена му подарила на Татарски статуетка.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат експлозијата и ранети луѓе на улица.

Руските власти соопштија дека го истражуваат нападот во центарот на вториот по големина град во Русија како „убиство што привлекува голем интерес кај јавноста“.

Руските медиуми објавија дека Трепова во минатото била апсена на антивоени протести.

Татарски беше дел од заедницата на воени блогери што се на страната на Кремљ, која доби релативно голема улога од почетокот на руската инвазија во Украина во февруари 2022 година.

Татарски е меѓу оние што отидоа толку далеку што ги критикуваа руските власти, критикувајќи ја војската, па дури и претседателот Владимир Путин, за неуспеси на бојното поле.

Воените блогери даваат информации за војната во земјата во која многумина се фрустрирани поради недостигот од точни информации од официјални извори, вели Би-би-си.

Информациите обезбедени од руската војска, телевизијата под контрола на Кремљ и државните претставници беа критикувани дека се неточни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ