Израел соопшти дека патувањето на претседателот Херцог во Азербејџан било откажано од „безбедносни причини“, но извори од министерството за надворешни работи кажале дека вистинската причина е одбивањето на Турција да дозволи прелетување на израелскиот претседателски авион низ својот воздушен простор.
Турција ги прекина сите односи со Израел и нема да преземе никакви чекори во иднина да ги развива, кажа претходно турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Тој повика и да се засили дипломатскиот притисок врз Израел за таа земја „да се турне во ќош во сите области“.