среда, 11 декември 2024

Милевски: Состојбата на теренот не е нормална, овие фудбалери заслужуваат подобри услови

Селекторот Благоја Милевски по мечот со Фарски Острови упати критика до надлежните кои го одржуваат теренот на Националната арена „Тодор Проески“.

Објавено на

часот

Сподели

Милевски е задоволен од победата на неговите фудбалери, но има критики за теренот.

„Бевме свесни дека не очекува уште потежок натпревар од оној натпревар со Летонија, но секоја чест на момците, заслужуваат не само честитки, туку и максимален респект од сите нас. Ја користам оваа прилика до кој и да е надлежен, дека фудбалерите треба да играат во најдобри услови за игра. Состојбата со теренот не е нормална, намерно досега не кажав ништо, момците работеа трпеливо, дадоа се од себе и навистина сметам дека заслужуваат подобар терен“, вели Милевски.

„Пред 1,5 година напомнав дека сме во делумна транзиција, односно подмладување, но сето тоа го правевме постапно. Сето тоа ни овозможи да оформиме еден тим со голем потенцијал што фудбалерите покажуваат на секој натпревар. Има простор за напредок и на нас е да работиме и да го оствариме она што го замисливме“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ