Ова е многу редок случај, да се прифати и успешно да се извади тумор со ваква големина, а за докторите од клиниката „Жан Митрев“, претставува револуционерен оперативен зафат со којшто се спаси животот на пациентот откако беше одбиен за операција од повеќе клиники.
Досега во медицинската пракса во земјава не е направена операција за отстранување на туморска формација со ваква големина, а медицинската литература опишува третирање на вакви маси до 40 сантиметри должина.
Клиниката „Жан Митрев“ со проширувањето на дејностите постојано воведува нови хируршки и терапевтски интервенции и поставува нови стандарди во здравствената пракса во земјава, за подобра нега и здравствена услуга за пациентите.