недела, 27 октомври 2024

Трипл-дабл на Леброн Џејмс за победа на Лејкерс, порази за Денвер и Далас (ВИДЕО)

Леброн Џејмс го предводеше Лејкерс до победа над Сакраменто од 131-127, Денвер на домашен терен загуби од ЛА Клиперс со 109-104, а Далас беше поразен на гостувањето кај Феникс со 114-102.

Објавено на

часот

Сподели

Леброн Џејмс постигна 32 поени, имаше 14 скокови и 10 асистенции, одличен во тимот на Лејкерс беше и Дејвис кој реализираше само поен помалку од кралот.

Џејмс не беше единствениот со трипл-дабл на овој натпреварот, Сабонис кај гостите постигна 29 поени, 12 скокови и 10 асистенции.

Никола Јокиќ даде дури 41 поен, но неговиот Денвер не успеа на домашен терен да го совлада Клиперс, загуби со 109-104. Кај победничкиот тим Пауел беше најдобар со 37 поени, одличен беше и Зубац со 24 поени и 15 скокови, Харден постигна 23 поени.

Пораз претрпе и Лука Дончиќ кој со Далас беше поразен кај Феникс со 114-102. Словенецот беше убедливо најефикасен на теренот со 33 поени. Сонцата одиграа тимски меч во кој најмногу реализираше Дурант 20 поени, Нуркиќ даде 18.

Резултати:
Денвер – ЛА Клиперс 104-109
Шарлот – Мајами 106-114
Детроит – Бостон 118-124
Вашингтон – Кливленд 116-135
Чикаго – Оклахома 95-114
Мемфис – Орландо 124-111
Минесота – Торонто 112-101
Сан Антонио – Хјустон 109-106
Феникс – Далас 114-102
ЛА Лејкерс – Сакраменто 131-127

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ