Никола Јокиќ постигна 29 поени, 18 скокови и 16 асистенции. Колку се моќни овие бројки говори фактот дека ваков трипл-дабл не е виден од периодот на Оскар Робертсон кој го има направено пред 62 години.
Nikola Jokić joins Oscar Robertson (2x) as the only players in NBA history to record 29+ points, 18+ rebounds, and 16+ assists in a game. pic.twitter.com/z2gse5tI7C
— NBA.com/Stats (@nbastats) October 30, 2024
Исто така за Јокиќ ова беше седми натпревар во кариерата со 25 или повеќе поени во комбинација со 15 или повеќе скокови и асистенции. За споредба сите активни кошаркари во НБА лигата немаат толку такви натпревари заедно.
Во вчерашниот натпревар Јокиќ имаше голема помош од Џамал Мареј и Арон Гордон кои постигнаа по 24 поени, како и Расел Вестбрук кој од клупата додаде 22 поени и пет асистенции. На спротивната страна Денис Шрудер запиша 28 поени и 14 асистенции, а го следеа Кам Томас со 26 и Камерон Џонсо со 20 поени, седум скокови и седујм асистенции.
Резултати:
Бруклин – Денвер 139-144
Минесота – Далас 114-120
Јута – Сакраменто 96-113
Голден стејт – Њу Орлеанс 124-106