Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин дополнително се регистрирани три починати лица од Скопје (80г), Охрид (82г) и Куманово (75г).
Сите лица се починати во болнички услови. Лицата се пoчинати во период од 17.04 – 17.05.2022 година, соопшти Министерството за здравство.
Од 76 новозаболени од Скопје се 56, Битола 10, Кавадарци 3, Охрид и Кичево по 2 и Куманово, Гевгелија и Ресен – по 1.
Од 73 оздравени пациенти од Скопје се 40, Битола и Охрид по 5, Кавадарци 4, Прилеп и Штип по 3, Ресен, Тетово, Гостивар, Делчево и Берово по 2 и Куманово, Струмица и Струга по 1.