Во објавеното видео Трепова потврдува дека таа навистина била во кафулето на настанот на Татарски и дека таа му ја донела и му ја дала гипсената статуетка – во која, како што претходно беше објавено, имало експлозивна направа. Во исто време, на распитот Трепова се изјаснила за невина за убиството и изјавила дека нема поим за бомбата.
Според видеото, на прашањето дали разбира зошто е приведена, Трепова одговара: „Таму донесов статуетка што експлодира“.
На прашањето кој ѝ ја дал статуетката, таа замолува: „Може ли подоцна да одговорам на тоа прашање?“.
Претходно, голем број медиуми, повикувајќи се на свои извори, објавија дека Трепова при апсењето во изнајмен стан во Санкт Петербург изјавила дека не е виновна за експлозијата: „Ме наместија! Само ме искористија!“.
Националниот антитерористички комитет објави дека терористичкиот напад врз воениот известувач Максим Фомин, попознат под псевдонимот Владлен Татарски, бил планиран од украинските специјални служби.