На средбата, соопштија од МВР, се разговарало за повеќе теми кои се од клучно значење за нашата земја.
„Дискутиравме за важноста на граничната безбедност, како за Македонија така и за регионот, и ја потенциравме потребата за постојано подобрување и разменување на искуства и најдобри практики. Се согласивме дека од особено значење е поддршката и искуството на САД при управување и контрола на миграционите текови, со акцент на хуманото третирање и заштита на правата на мигрантите“, истакнал министерот Тошковски.
Во фокусот на разговорите на средбата било и прашањето за сајбер безбедноста, со оглед на зголемите закани во дигиталниот свет, при што, се додава во соопштението, заеднички било констатирано дека е неопходна соработка и во оваа област, споделување на информации и развивање на стратегии за заштита од сајбер напади.
„Оваа средба е уште еден значаен чекор кон зајакнување на билатералните односи и поставување на основа за понатамошна соработка во областите од заеднички интерес. Верувам дека преку вакви дијалози и партнерства ќе можеме да создадеме побезбедна и посигурна средина за нашата земја“, потенцирал министерот Тошковски.