Според последните податоци, нивото на водата во езерото денеска е на котата 693,09 метри надморска височина, што е 20 сантиметри под просекот за овој период од годината.
Инаку, нивото на водата во езерото моментално е за еден сантиметар под дозволениот минимум утврден на котата 693,10 метри надморска височина.
За неповолниот водостој секако придонесува и продолжениот сушен период без позначајни врнежи. Од ЕСМ велат дека од нивна страна во одов период нема испуст на водите.
Флуктуацијата на нивото на водата во езерото има негативни последици по многу аспекти, но најмногу таа негативно се одзразува во крајбрежниот дел што инаку е најважниот во езерскиот еко-систем.