среда, 11 декември 2024

Ново судско рочиште за двојното убиство, за обвинителката изјавата на Кешишов нема доказна вредност

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за убиството на 14-годишата Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски. На претходните рочишта сведочеа неколкумина, меѓу кои и човекот кој го возел Палевски во Турција.

Објавено на

часот

Сподели

Пред рочиштето обвинетиот Кешишов, пак, го сменил исказот – тврди дека Палевски не е виновен за убиствата. Претходно, обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето Александар Ѓорчевски се изјаснија дека не се виновни.

Обвинителката во судскиот процес за двојното убиство пред да почне судењето изјави дека новата, променета изјава на Влатко Кешишов нема доказна вредност.

„Изјавата на Кешишев нема доказна вредност, затоа што и тој и сите други обвинети на крајот од судската постапка ќе дадат своја одбрана, свој исказ, и своја одбрана која ќе биде подложена на прашања од ситте страни и да се расчисти случајот. После вербалните докази, ќе бидат изведени и материјалните докази. Имаме материјални докази дека Палевски е сторител на делата“, рече обвинителката Ана Стојковиќ-Димитровска.

Обвинителството уверува дека против првообвинетиот Палевски има цврсти непобитни докази.

Судењето влегува во завршна фаза на испрашување на сведоци и веќе од следните рочишта ќе се изведуваат материјални докази.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски било со намера да го присилат да им го даде своето возило кое го користеле за грабнувањето на младата Вања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ