среда, 26 јуни 2024

Топлотен бран во Саудиска Арабија, расте бројот на загинати

Саудиска Арабија денеска предупреди на екстремно високи температури во Мека, каде за време на аџилакот се потврдени повеќе од десетина смртни случаи поврзани со горештините, со температури кои надминуваат 50 степени Целзиусови.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Годишниот аџилак, еден од најголемите верски собири во светот, се одржува оваа година во текот на летото, кое е особено жешко во Саудиска Арабија.

Само вчера имаше повеќе од 2.700 случаи на „исцрпеност од топлина“, соопшти саудиското Министерство за здравство.

„Денес светите места бележат највисоки температури од почетокот на аџилакот и можат да достигнат до 49 степени. Ги советуваме Божјите гости да не се изложуваат на сонце“, соопшти Министерството, пренесе државната телевизија.

Саудиската метеоролошка служба објави на платформата Икс дека температурата во Мека достигнала 51,8 степени.

Јорданското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека 14 јордански аџии загинале поради сончев удар предизвикан од екстремни горештини, 17 се водат како исчезнати.

Техеран објави дека загинале пет ирански аџии, без да ја прецизира причината за нивната смрт. Дакар објави дека загинале тројца аџии.

Годинава на аџилак се собрале речиси 1,8 милиони луѓе, од кои 1,6 милиони дошле од странство, соопштија властите на Саудиска Арабија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ