На седницата на Собранието на Косово дошло до физичка пресметка меѓу претставници на владејачката Самоопределување и претставници на опозициските партии, пишуваат косовските медиуми Косово и информативниот канал Коссев.
Додека премиерот Аљбин Курти зборуваше за планот за деескалација на северот, во еден момент му пришол пратеникот на ПДК, Мергим Љуштак и го полеал со вода, пишува Коссев.
Настана општа мешаница меѓу пратениците, оние кои дојдоа во одбрана на Курти и оние кои дојдоа на другата страна, пренесува Н1.
На снимката од директниот пренос се гледа општ метеж во Собранието, а се слуша и кршење на стакло.