четврток, 21 ноември 2024

Таравари: Вреди ќе направи сè преговорите со ЕУ да започнат за шест месеци

Министерот за здравство и претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари при денешната посета на Клиничката болница во Тетово изрази надеж дека за шест месеци може да почнат преговорите со ЕУ. Тој рече дека надежта ја темели врз заедничкиот став во Владата.

Објавено на

часот

Сподели

„ Вреди повторно инсистира дека Македонија мора да ги започне преговорите. Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ. Кажавме рок од шест месеци, дека Вреди ќе направи сè за да започнат преговорите. Добро е што Албанија започна, меѓутоа лошо е што ние се разделивме. Од друга страна треба и да разбереме дека и од бугарска страна нема Влада. Очекуваме таму да има избори. Јас се надевам дека ние ќе изнајдеме решение и Вреди ќе биде акцелератор и тригер за што поскоро Македонија да ги започне преговорите со ЕУ.  Колку што знам и премиерот е за што побрзо започнување на преговорите , и тој е за ЕУ како и сите што сме во Владата’, изјави Таравари.

Како министер за здравство, Таравари рече дека дошол во Тетово да ги претстави инвестициите во својот ресор во првите сто дена од Владата. Тој истакна дека се монтирани пет нови лифта : три на Одделот за хирургија и два на Одделот за интерна медицина, направена е санација на покривната конструкција на интернистичкиот блок, сè во вредност од 20 милиони денари.

„Лифтовите се ставени во употреба, покривот на интернистичкиот дел е готов. Имаше комбинирана инвестција во амбулантите на Хируршки клиники, на Клиничка болница и Компанијата Еколог. Инвестиција од Еколог за амбуланти на интерното одделение. Тетово станува еден од приоритетите, бидејќи децентрализацијата и регионализацијата ни е многу битна“, рече Таравари.

За идната година, Таравари најави нова апаратура, инвестиции на одделот за педијатрија, електронска архива како и нова зграда.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ