четврток, 5 декември 2024

Таравари: Доктори од приватното се враќаат во јавното здравство, наша цел е ова да стане практика

Има интерес од доктори што работат во приватните клиники да се вратат во јавното здравство, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари во рамки на платформата во Владата – „100% посветени за тебе“ посветена на ресорите здравство и социјална политика.

Објавено на

часот

Сподели

„Претходно имаше забрана за преминување на доктори од приватно во јавно здравство, но веднаш по моето назначување, на предлог на Министерството за здравство, Владата донесе одлука да се укине таа забрана. Во постапка е изготвување упатство за начинот на преземање од ПЗУ во ЈЗУ. Оваа мерка е посебно фокусирана на специјалисти, како што се: фармацевти, стоматолози, анестезиолози, радиолози, но само доколку директорот на клиниката ни каже дека има потреба од тие кадри“, информираше министерот Таравари, кој додаде дека целта е ова да стане практика што ќе се применува и во следниот период.

На прашањето за активностите кои ги презема Министерството за превенција од рак на дојка, министерот посочи дека токму за одбележување на месец октомври како месец посветен на борба против ракот на дојка, почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван–превенцијата најдобра заштита“, која се одвива во рамки на програмата на министерството за скрининг и рана детекција на рак на дојка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ