Организатор на настанот е Ромскиот културен и медија центар Бариканипе во соработка со Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико и Здружението на љубители на ромскиот фолклор Романо Ило.
Настанот ќе опфати панел-дискусија на ромски јазик, креативен перформанс и ќе биде изложена библиотека со книги на ромски јазик.