петок, 13 декември 2024

Крената ограда околу Белата куќа – безбедносни мерки поради можни немири на денот на изборите

Американските власти кренаа нова безбедносна ограда околу Белата куќа и други згради во Вашингтон поради можни немири утре, на денот на претседателските избори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тајната служба поставила метални огради високи 2,5 метри и околу Капитол, комплексот на министерството за финансии и резиденцијата на потпретседателката Камала Харис, а најавено е дека ќе бидат поставени и други физички мерки за безбедност. Огради ќе бидат ставени и пред конгресниот центар во Вест Палм Бич на Флорида, каде поранешниот претседател и кандидат за уште еден мандат Доналд Трамп ќе се наоѓа за време на изборите.

Полицијата најави затворање на патиштата и ограничување на паркирањето во Вашингтон бидејќи Камала Харис ќе ја мине изборната ноќ на Универзитетот Хауард, каде студирала.

Откако Трамп пред четири години одби јасно да го признае изборниот пораз, негови поддржувачи упаднаа во Капитол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ