вторник, 3 декември 2024

Нетанјаху е спремен да му понуди милиони долари на Хамас за ослободување на заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е спремен да му понуди на Хамас „неколку милиони долари“ за секој заложник кој сè уште се наоѓа во Појасот Газа, за да обезбеди нивно ослободување, јави израелски Канал 12.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Се додава дека Нетанјаху е спремен и да гарантира „безбеден премин“ од Газа за киднаперите и нивните семејства кои ќе ги ослободат заложниците.

Се наведува дека Нетанјаху им издал упатства на функционерите за ова прашање вечерва на безбедносни консултации, пишува Тајмс оф Израел.

Нетанјаху минатиот месец јавно зборуваше за овие напори, но сè уште официјално не е почната никаква акција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ