петок, 13 декември 2024

Реал знаел дека „Златната топка“ ќе заврши кај Родри, но поради една причина криеле од Винисиус?!

Во Реал Мадрид знаеле дека Винисиус Жуниор нема да ја добие „Златната топка“, но „кралевите“ криеле од Бразилецот со цел тој да не биде разочаран пред „Ел Класико“ пресметката со Барселона.

Објавено на

часот

Сподели

Минатата недела, на церемонија во Париз беше доделена „Златната топка“, Родри од Манчестер Сити го доби признанието за најдобар фудбалер во сезоната.

Во пресрет на изборот, силно се шпекулираше дека Винисиус Жуниор ќе ја подигне „Златната топка“, но попладнето во понеделникот беше објавено дека Реал Мадрид ќе ја бојкотира церемонијата, и веќе тука беше јасно дека Бразилецот ќе извиси.

Како што пренесува новинарот Антон Меана, во таборот на Реал Мадрид знаеле дека Родри ќе ја добие „Златната топка“ но криеле од Винисиус Жуниор со цел тој да не се разочара пред „Ел Класико“ пресметката против Барселона.

Луѓето од придружбата на Винисиус Жуниор почнале да се сомневаат уште во петокот, и стапиле во контакт со „кралевите“ со цел да добијат повеќе информации, но никој ништо не им кажал.

Реал Мадрид сакал Виини да биде фокусиран само на дуелот со Барса, но работите не се одвиваа според планот, „каталонците“ со 0-4 победија на „Бернабеу“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ