среда, 4 декември 2024

Ајде да се запознаеме, серијата грчки филмови почнува со „Мала Англија“

Грчката амбасада во Македонија почнува серија проекции на грчки филмови со наслов „Ајде да се запознаеме“. Целта на проекциите е да се претстават современите грчки филмови. Серијата на проекции ќе почне со повеќенаградуваниот филм „Мала Англија“  на Пантелис Вулгарис, еден од најзначајните грчки режисери, кој заедно со Теодорос Ангелопулос беа главните претставници на трендот на Новата грчка кинематографија, која стана светски позната во 70-тите.

Објавено на

часот

Сподели

Филмот „Мала Англија“ е една романтична драма, која се врти околу тоа како договорениот брак ќе го размрда животот на едно семејство во периодот помеѓу 30-тите и 50-тите години. Дејството на филмот се одвива на островот Андрос, наречен Мала Англија поради финансиската моќ на неговите жители. Филмот „Мала Англија“ е производ на соработката на режисерот Панделис Вулагарис и истакнатата грчка писателка Јоана Каристианис и постигна голем успех од уметнички, но и од комерцијален аспект.

Филмот доби шест признанија од Грчката филмска академија и награда за најдобар филм на 17 Меѓународен филмски фестивал во Шангај.

Проекцијата на „Мала Англија“ ќе се одржи во Кинотека на Македонија, во среда, 6 ноември, во 19:00 часот. Влезот е бесплатен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ