петок, 13 декември 2024

Лудница на Кревин Котиџ: Фулам губеше до 92. минута но на крајот се радуваше на победа (ВИДЕО)

Фулам го победи Брентфорд со 2-1, Хари Вилсон е херој на домаќините откако влезе од клупата и постигна два гола во судиското надополнување, особено атрактивен беше првиот.

Објавено на

часот

Сподели

Во последниот натпревар од 10. коло во Премиерлигата, Фулам направи огромен пресврт пред своите навивачи во пресметката со Брентфорд.

Гостите поведоа со голот на Јанелт во 24. минута, и овој резултат гласеше на семафорот се до 92. минута од мечот.

Потоа на сцена стапи нововлезениот Хари Вилсон, кој прво атрактивно со акробатски удар изедначи на 1-1, за потоа со глава да реализира во 97. минута за 2-1 и лудница на Кревин Котиџ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ