четврток, 28 ноември 2024

Судот на ЕУ: Фон дер Лајен не била транспарентна со договорите за вакцините против корона

Судот на Европската Унија денеска пресуди дека Европската комисија (ЕК) не била доволно транспарентна за набавката на вакцини против ковид-19, пренесува агенцијата Дпа.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Европратениците и граѓаните, повикувајќи се на законите за слобода на информирање, побараа од Комисијата да ги објави договорите за набавка на вакцини, но извршното тело на ЕУ објави само цензурирана верзија, по што беше покренат судски спор.

Пресудата на судот во Луксембург е удар за претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, чии постапки при набавката на вакцините се под очите на јавноста, особено поради одбивањето на Комисијата да ги објави пораките што таа ги разменила со шефот на Фајзер Алберт Бурла.

Политико кон крајот на минатата година објави дека биле уништени најмалку 215 милиони дози од вакцината против ковид-19 за европските граѓани, што ги чинело даночните обврзници најмалку четири милијарди евра. Овој медиум предупредува дека веројатно оваа бројка е потценета.

Политико пишува дека од почетокот на пандемијата кон крајот на 2020 година, ЕУ нарачала околу 1,5 милијарди дози вакцини, околу три за секој европски граѓанин.

Во август 2021 година, Фајненшл тајмс објави дека Фајзер ја зголеми цената на својата вакцина за една четвртина поради пандемијата.

Фон дер Лајен утре треба да ја добие поддршката од мнозинството членови на Европскиот парламент за да остане на чело на Европската комисија и по истекот на нејзиниот сегашен мандат кон крајот на оваа година.

Генералниот суд на ЕУ денеска одлучи, во два одвоени случаи кои не се директно поврзани со преписката меѓу претседателот на ЕК и првиот човек на Фајзер, дека Комисијата не дала соодветна причина за цензурирање на делови од договорот.

На пример, деловите од договорот што се однесуваат на обештетувањето на фармацевтските компании во случај на неисправни вакцини се „затемнети“. Комисијата сега има рок од два месеци и десет дена да поднесе жалба на одлуката.

Се огласи и Европската комисија

„Комисијата ги зема предвид пресудите на Општиот суд во двата случаи поврзани со пристапот до договори за вакцината против болеста ковид-19 и поврзаните информации. Комисијата внимателно ќе ги проучува пресудите на Судот и нивните последици“, се вели во воведот на огласот.

Општиот суд потврди дека Комисијата има право да обезбеди само делумен пристап. Тој само делумно ја прифати тужбата за две точки.

Судот пресуди дека Комисијата требало да даде дополнителни објаснувања за да го оправда одбивањето на пристап до одредени одредби од договорот.

Тој одлучи и дека Комисијата требало да ги достави личните податоци на членовите на преговарачките тимови кои ги сочинуваат претставници на земјите членки и претставници на Комисијата“, се наведува во соопштението.

„Комисијата генерално одобрува најширок можен јавен пристап до документите, во согласност со принципите на отвореност и транспарентност.

Во овие случаи, Комисијата мораше да постигне рамнотежа помеѓу правата на јавноста, вклучително и членовите на Европскиот парламент да бидат информирани и законските барања кои произлегуваат од самите договори за вакцина против Ковид-19, што може да доведе до барања за надомест на штета на даночните обврзници.

Имено, Судот често во минатото ја препознавал потребата од заштита на деловните интереси на договорниот партнер.

Во секој случај, Комисијата достави до Европскиот парламент (во согласност со Рамковниот договор за односи меѓу двете институции) комплетни информации за договорите за вакцината против болеста ковид-19.

Во согласност со својата институционална улога, Комисијата е одговорна за обезбедување на отсуство на конфликт на интереси и е должна да ја заштити приватноста и личните податоци на засегнатите поединци. Во овој момент, Комисијата ги задржува своите законски опции“, се заклучува во соопштението за печатот на Европската комисија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ