среда, 26 јуни 2024

Стојковиќ пред мечот со Англија: Подготвени сме и физички и тактички

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси вели дека неговите фудбалери се подготвени за големиот предизвик, настапот на Европското првенство во Германија.

Објавено на

часот

Сподели

Србија вечерва од 21 часот против Англија го почнува настапот на Европското првенство. Англичаните важат за најголем фаворит за трофејот, но Србите имаат самодоверба.

„Имав среќа во животот да ги искусам Светското и Европското првенство и како играч и како селектор. Овој вид на турнири бара максимална концентрација и да покажете квалитет на секој меч“, вели Стојковиќ.

„Нема разлика меѓу првиот, вториот и третиот меч во групата. Стартуваме против еден од фаворитите, но работевме напорно за да се подготвиме најдобро што можеме за предизвиците пред нас. Од тренерска страна направивме сѐ за фудбалерите да имаат тренинзи на највисоко ниво. Верувам дека физички и тактички сме подготвени“.

Стојковиќ беше прашан што ќе се случи ако Србија вечерва прва даде гол, тој се пошегува.

„Ако први дадеме гол, ќе им наредам на момците да дадат и втор! Шегата на страна, ќе видиме како ќе се развива натпреварот. Кога играте против Англија треба да бидете на вашето најдобро ниво. Ќе направиме сѐ за да им создадеме проблеми и да креираме шанси. Ова е турнир, секој гол е важен. Ќе биде подготвени за предизвикот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ