Викари е на 138. место на ВТА листата, тоа е речиси 100 позиции подобро од Ѓорческа, па американската тенисерка беше голема фаворитка во денешниот меч.
Мечот траеше 104 минути, беше 7-6(1) 7-6(5). Причина за поразот според статистиката се големиот број неизнудени грешки 50 за Ѓорческа, а Викери имаше 16, како и двојните сервис грешки 10 за Лина, а две за американската тенисерка. Инаку, нашата тенисерка имаше додобар биланс на победнички поени 28:21, а скорот на поени беше 90:82 за Викери. Двете тенисерки имаа по три брејка и тоа во првиот сет.
Со овој пораз Ѓорческа го заврши настапот во квалификациите на Вимблдон, следен турнир на кој ќе учествува е ИТФ фјучрсот во Рим кој е на програмата следната недела.