четврток, 5 декември 2024

Стивен Хокинг го пропушти својот 70-ти роденден

Објавено на

часот

Сподели

Неверојатната кариера на Хокинг беше претставена како дел од целодневната конференција за космологија на Универзитетот на Кембриџ. Но вицеканцеларот на универзитетот, Лешек Борисевич, изјави дека славниот научник бил пуштен од болница во петокот и „за жал неговото заздравување не е доволно брзо за тој да биде во состојба да присуствува“.
Тој не кажа кога бил хоспитализиран Хокинг и не ја кажа природата на неговата состојба, иако најави дека Хокинг ќе сака да се сретне со некои од учесниците во текот на следната недела.
На Хокинг му беше дијагностицирана болеста Лу Геринг – неизлечиво дегенеративно нарушување – кога тој имал 21 година. Повеќето луѓе умираат неколку години по дијагностицирањето, но Хокинг ги победи прогнозите, продолжи да ја развива областа на теоретската астрофизика и стана еден од најславните научници по Алберт Ајнштајн.
Болеста речиси целосно го парализира и тој е во количка од 1970. Откако прележа пневмонија во 1985, нему му е неопходна постојана нега и при зборувањето користи компјутер и гласовен синтисајзер. Неговото кревко здравје и во минатото беше причина да откажува јавни настапи.
Борисевич кажа дека Хокинг ќе ги следи случувањата преку видеоврска.
„Стивен, доколку нè слушаш, среќен роденден од сите нас што сме тука денес“, кажа Борисевич, што беше проследено со голем аплауз.
Преку снимена порака што била пуштена на конференцијата Хокинг рече дека неговото разбирање на вселената е од далеку поголем интерес отколку само теоретски.
„Ако разбирате како функционира универзумот“, кажа тој, „тогаш на одреден начин вие го управувате“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ