Пратениците на Левица истакнаа дека се залагаат за отворена соработка со сите големи сили и членки на Советот за безбедност, вклучувајќи ја и Русија.
„Цениме дека развојот на односите со Русија се од круциално значење за Македонија, а оваа земја претставува огромна можност за економска, трговска, но и културна размена. Македонскиот народ во огромен дел не се согласува со владината политика на санкции кон оваа земја. Оттука, од наша страна беше истакнато дека санкциите, под притисок на ЕУ и НАТО, воведени од претходната Влада, кои продолжуваат да дејствуваат во засилено темпо и при актуелната власт, се неоправдани и во спротивност од интересите на двете земји“, соопшти Левица.