четврток, 5 декември 2024

„Средба“ – изложба на Петра Јовановска во Кисела Вода

Денеска во Домот на културата во Општина Кисела Вода во Скопје ќе биде отворена ликовната изложба „Средба“ на уметницата Петра Јовановска, на која свои дела ќе изложат и уметници од Чешка и од Франција – Шарка Цоганова, Теодор Бузу, Карел Штајнер и Рафаел Ристовски.

Објавено на

часот

Сподели

Петра Јовановска ќе се претстваи со новосоздадени ликовни дела на оваа
тематика, за да може да направи еден спој и со другите уметници вклучени во
изложбата. Петра Јовановска подолг период од својот творечки циклус го истажува
геометрискиот облик – кругот.
Шарка Цоганова во сопствената креативна работа се фокусира на полето на
алтернативната графика, особено на изразувањето на најдлабокото искуство што
кореспондира со околната реалност. Цоганова има реализирано голем број самостојни и групни изложби во Чешка, Германија, Италија…
Теодор Бузу ќе се претстави се акварели, ликовна техника која долг период ја
употребува. Карел Штајнер ќе се претстави со фотографии.
Младиот автор Рафаел Ристовски е посветен на истражување на градската природа,
каква што е била создадена од човекот, простор во кој се случуваат бескрајни моменти од секојдневието, работи, средби… Урбаната архитектура и градските композиции се најчестите мотиви во неговото дело.
Петра Јовановска ќе се надоврзе со нивните ликовни дела врз основа на заедничката
селекција со цел да се направи уметничка средба.
Ликовниот проект е поддржан од Општина Кисела Вода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ