среда, 2 октомври 2024

Србија со ребаланс значително го зголеми буџетот

Парламентот на Србија вчера, по повеќедневна расправа проследена со низа заемни опструкции на власта и опозицијата, го усвои ребалансот на државниот буџет кој, со истовремено зголемување на фискалниот дефицит, а зголемен за повеќе од 1,1 милијарда евра.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Усвојувањето на буџетот беше проследено со забелешки на Фискалниот совет (ФС), независно државно тело кое одговара на парламентот на Србија, дека ребелансот може да биде „чекор во погрешна насока“ ако растот на капиталните инвестиции не доведе до очекуваниот раст на бруто домашниот производ (БДП).

Фискалниот совет укажа и на големото зголемување на јавните расходи бидејќи нивниот раст во однос на иницијалниот буџетски план изнесува речиси 1,7 милијарди евра.

Иако се зголемени и приходите на буџетот за повеќе од 1,1 милијарда евра, тоа не би било доволно да се надомести планираното зголемување на буџетските расходи, смета ФС.

Фискалниот совет оцени дека и монетарните власти на Србија, по три последователни години постојано врамнотежување на буџетот, со новиот ребаланс ја менуваат насоката на фискалната политика, предупредувајќи дека треба да имаат предвид и дека државата во моментов се задолжува по високи каматни стапки.

„Неповолните услови за задолжување на Србија се дополнителен важен аргумент поради кој Фискалниот совет неповолно ја оценува промената на насоката на фискалната политика во предложениот ребаланс“, предупреди Советот пред усвојувањето на ребалансот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ