Брест никогаш претходно нема играно во Лигата на шампиони, и во својата дебитанска сезона, нареди две победи на стартот.
По триумфот над Штурм во првото коло, денеска Брест славеше и на гостувањето кај РБ Салцбург со убедливи 0-4.
Сима го отвори резултатот во 24. минута и најави ново славје, за во продолжението од мечот, во период од 10 минути, домаќините да капитулираат уште три пати.
Камара донесе 0-2 во 66. минута, Сима зголеми на 0-3 во 71. минута, а Переира Лаж ги постави конечните 0-4 во 75. минута.
Со новата победа, Брест привремено се најде на првото место на табелата со 6 бода, а колку долго ќе остане таму ќе зависи од останатите резултати.
На вториот денешен натпревар од 18:45 часот, Штугарт одигра 1-1 против Спарта Прага. Мијо ги донесе домаќините во предност веќе во 7. минута, но гостите се изборија за бод во 32. минута преку Каиринен.