петок, 11 октомври 2024

Иранската војска: Вечерва за првпат употребивме нова хиперсонична ракета

Нов тип хиперсоничен проектил бил употребен од страна на Иран за првпат во вечерашниот напад на Израел, тврди иранската Револуционерна гарда.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението Корпусот на иранската Револуционерна гарда (ИРГК) тврди и дека 90 отсто од неговите проектили успешно ги погодиле предвидените мети, што е спротивно на израелските тврдења. И портпаролот на Белата куќа за национална безбедност го нарече нападот „неефикасен“.

ИГРК наведе дека проектилот „фатах“, кој е развиен и произведен од Техеран, бил дел од баражниот оган истурен врз израелската територија. Називот на проектилот на арапски значи „освојувач“ или „носач на победа“.

Тој беше претставен минатата година по што се појавија извештаи дека проектилот може да носи нуклеарни боеви глави ако биде потребно, но тоа не е потврдено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ