„Нероаѕурите“ ја забележаа првата победа во Лигата на шампиони оваа сезона, вечерва пред своите навивачи ја оправдаа фаворитската улога против Црвена звезда.
Резултатот беше отворен во 11. минута, Чалханоглу постигна „голазо“ од слободен, па и покрај тоа што биеше во аголот кој го бранеше гостинскиот голман, ударот не се бранеше.
По петнаесетина минути игра во вториот дел, гостите погрешија пред својот шеснаесетник а Тарему му асистираше на Арнаутовиќ за рутинска завршница и 2-0.
Дефанзивата на Црвена звезда направи нова грешка во 70. минута а Мартинез беше тој кој казни и донесе 3-0.
Конечните 4-0 ги постави Тареми, напаѓачот од пенал ја затресе мрежата во 81. минута и стави точка на натпреварот.