Стручното жири наградата за најдобар актер му ја додели на актерот Јордан Симонов од Македонскиот народен театар (МНТ), за улогата на Павле, во претставата „Лагата“ во режија на Бесфорт Идризи, а во изведба на актери од МНТ.
Ова е второ фестивалско учество на претставата, по она на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, каде што актерот Симонов, за истата улога, го доби највисокото актерско остварување, лауреат.
За најдобра актерка беше прогласена Суела Бајко од театарот „Алексадар Моисиу“ од Драч, Албанија која настапи во претставата „Отворен пар“ што заедно ја изведоа со актерите на гостиварскиот тетар. Наградата за најдобра режија му беше доделена на Куштрим Бектеши за претставата „Измамите на Патук“ во изведба на тетовскиот тетар. За најдобра претстава, стручното жири одлучи да ја прогласи „Графити“ на театарот од Прешево, Србија во режија на Насер Шатроли.
„Задоволството е големо што успешно го релизиравме и ова издание на фестивалот. Голема благодарост до сите кои го помогнаа неговото одржување, до учесниците и секако до дебарската публика, која, сите шест фестивалски вечери ја имаше во преполната сала во Центарот за култура. Останува да го оствариме нашиот долгогодишен сон, оваа значајна манифестација да биде иституцонализирана. Не знам, но, да бидам искрен, верувам дека тоа конечно ќе се оствари“, рече за МИА, Илбер Нуредини, директор на фестивалот.
Одржувањето на фестивалот финансиски беше поддржан од македонското Министертво за култура со 750 илјади денари, општина Дебар со 370 илјади, како и од други донатори.