Граѓаните добиле известување дека можат да ги напуштат засолништата. „Во текот на одбраната извршивме голем број пресретнувања. Има некои последици во централните и јужните делови на земјата“, наведе тој.
„Во оваа фаза сè уште спроведуваме проценка на нападот, но не сме информирани дека има жртви“, кажа портпаролот на израелската војска.
Најави дека Израел ќе одговори на иранскиот ракетен напад. „Ние сме во состојба на засилена готовност во одбраната и офанзивата, ќе ги заштитиме граѓаните на Израел. Овој напад ќе има последици. Имаме планови, ќе дејствуваме на време и на место кои ќе ги одбереме“, напомена Хагари.