четврток, 28 ноември 2024

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи вонредна седница поради убиството на лидерот на Хамас

Советот за безбедност на ОН вечерва ќе одржи вонредна седница поради убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија во Иран, изјави денеска заменик постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„На барање на Иран, со поддршка на Кина, Алжир и Русија, беше закажана вонредна седница на Советот за безбедност на ОН поради убиството на Ханија во Техеран. Седницата ќе се одржи во 16 часот (22 часот по средноевропско време) во Њујорк, објави Полјански на социјалната мрежа Телеграм.

Иран претходно побара одржување на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН поради убиството на Ханија и израелските напади врз Бејрут, се наведува во писмото упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Техеран ги повика членовите на Советот за безбедност на ОН да одржат итен состанок во врска со израелските напади врз Либан и убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, пренесе РИА Новости, која имала пристап до писмото на Постојаната мисија на Иран во ОН, адресирано до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и рускиот постојан претставник во ОН, Василиј Небензја.

Иран побара од членовите на Советот за безбедност што е можно поскоро да го повикаат Израел одговорен за кршење на меѓународното право и да ја разгледаат можноста за воведување санкции.

Хамас денеска објави дека Ханија бил убиен синоќа во директен ракетен напад врз неговиот стан во Техеран, откако присуствувал на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ