сабота, 16 ноември 2024

Собрание: Не помина законот за амнестија, министерот Лога не се откажува

Предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе законот за амнестија денеска не помина меѓу пратениците – „против“ беа 66 пратеници, „за“ 17, а тројца „воздржани“. И покрај ова министерот за правда Кренар Лога, кој е предлагач на законот изјаво дека не се откажува од носење на законот за амнестија и најави дека деновиве поторно ќе го предложи законот за амнесија, но сега по редовна постапка.

Објавено на

часот

Сподели

„Македонија денеска е понеправедна држава од вчера. За жал јас ова го гледам како одмазда за неподдршката од моја страна и од мојата партија за измените на Кривичниот законик“, вели Лога кој е член на Алијанса за Албанците. Министерот за правда пред почетокот на седницата им подели на пратениците фотографии од состојбата во затворите.

„Основната цел за овој закон е е алармантната состојба во затворите како што во условите така и со многу затвореници. Овие препораки и констатации се дадени од многу релевантни институции коишто ги напоменуваат условите во извештаите“, рече во образложението министерот Лога, кој е предлагач на законот. 

Државата, наведе тој, може во определени мерки со закон против сторителите на кривични дела да не врши кривични прогон, а сега и затвореник може да се помилува или да му се намали казната. Казната е нешто што се извршило, амнестијата е едно нешто коешто ќе овозможи социјализација, рече Лога, напоменувајќи дека социјалните причини се многу важни за донесување на овој закон за амнестија. 

 Претходно, опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира носењето на законот со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и СДСМ со цел да изземат  од амнестирање осудените од предметот „Монструм“. 

Мнозинството гласови против овој закон беа од пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, додка пратениците на ДУИ беа главно за овој законски проект.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ