Мерните станици за квалитетот на воздухот низ земјава деновиве регистрираа концентрации на штетни честички во воздухот и по неколку пати повисоко од максимално дозволените. Покрај Скопје, високи вредости на загаденост на воздухот беа регистрирани и во Кочани, Струмица, Тетово и Гостивар.
Согласно податоците на СЗО, загадувањето на воздухот секоја година е одговорно за околу седум милиони смртни случаи, а дури 91% од светското население живее во региони каде загадувањето ги надминува пропишаните здравствени лимити.