вторник, 2 јули 2024

Швајцарија ја елиминираше Италија, Европа ќе добие нов шампион (ВИДЕО)

Швајцарија со 2-0 славеше во пресметката против Италија, па „Стартиот континент“ ќе добие нов владател.

Објавено на

часот

Сподели

Нок-аут фазата на Европското првенство во Германија започна со елиминација на актуелниот шампион, во Берлин, Швајцарија сосема заслужено славеше против Италија со 2-0.

Резултатот беше отворен во 37. минута, Фројлер доби топка од Варгас и прецизно биеше покрај стативата за 1-0.

Новиот шок за „аѕурите“ следеше на стартот од вториот дел, Варгас си направи простор за шут и прекрасно погоди во аголот за 2-0.

Избраниците на Спалети прикажаа премалку, упатија само еден шут во рамките на голот, па со вакво издание, не можеа да бараат пласман понатаму.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ