четврток, 5 декември 2024

Штипската болница остана без струја, засега работи на агрегат

Штипската Клиничка болница во моментов се снабдува со струја од агрегат, бидејќи поплднево при изведување на градежните активности на новиот влез на болницата бил скинат средно напонски кабел, потврди директорот на Клиничка болница-Штип, Влатко Захариев.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Захариев изјави дека пациентите кои се критични и се хоспитализарни во болницата или доколку се потребни итни интервенции не се загрозени, бидејќи струја има за апаратите и за салите.

„Информирани се сите болници и регионални центри во источниот регион, доколку имаат пациенти кои се критични да се прифаќаат во болницата во Кочани или да се транспортираат во Скопје. Пред половина час пристигна екипа на ЕВН и работи на санација на кабелот“, изјави Захариев за МИА.

Според првичните информации се очекува проблемот со струјата да се реши околу полноќ. Захариев додава дека нема потреба од паника или стравување, бидејќи се приклучени на агрегат и се работи на решавање на проблемот. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ