петок, 18 октомври 2024

Шпанија по изборите во „нерешлива ситуација“: десничарите ќе се обидат да состават влада, но социјалистите демнат зад аголот

Објавено на

часот

Сподели

Шпанската конзервативна Народна партија, чиј лидер е Алберто Нуњез Фејхо, освои најмногу гласови на парламентарните избори одржани во неделата, но веројатно нема да има мнозинство за формирање влада.

Дури и со поддршка од крајната десница, за што се шпекулираше пред изборите, Народната партија нема да има мнозинство во парламентот. Фејхо, без оглед на тоа на поддржувачите на конзервативците им кажа дека сега негова должност е да се обиде да формира влада.

Ни социјалистите на сегашниот премиер Педро Санчез нема да можат да формираат влада, дури ни со поддршка од другите левичарски партии, додека Санчез резултатите од изборите ги гледа како победа на својата партија.

„Ретроградниот блок не успеа. Имаме повеќе гласови и повеќе пратеници од пред четири години“, им кажа Санчез на поддржувачите пред седиштето на партијата.

Врз основа на речиси 100 отсто преброени гласови, Народната партија ќе добие 136 од 350 места во долниот дом на шпанскиот парламент, а крајно десничарскиот Вокс 33 места. Народната партија пред само една недела очекуваше на изборите да освои 168 места и убедлива победа која би ѝ овозможила да владее самостојно, без крајно десничарскиот Вокс.

Отпорот на левицата беше многу поголем од што се очекуваше, а социјалистичката партија ПСОЕ на Санчез неочекувано ги подобри резултатите на неделните избори во однос на тие од 2019 година, укажува Паис.

Весникот наведува дека Народната партија победи на изборите пред ПСЕ со нешто повеќе од 300.000 гласа разлика. Поради таа мала победа раководството на Народната партија не може да биде задоволно бидејќи ни во еден момент не се сомневаше дека со Вокс ќе има апсолутно мнозинство.

Фејхо кажа дека негова обврска е да отвори дијалог за да се обиде да управува со земјата во согласност со изборната победа и ги замоли сите останати да не ја водат Шпанија во блокада.

Паис наведува дека многу е веројатно дека Фејхо нема да успее да обезбеди мнозинство и дека ќе се создаде прилика за Санчез. Изненадувањето и фрустрацијата доживеани во седиштето на Народната партија по изборите беа во контраст со незадржливата радост во седиштето на социјалистите, оценува шпанскиот весник.

Се истакнува дека и покрај изборниот пораз, Санчез постигнал нешто што се чинело како невозможно пред помалку од два месеци, кога ги распиша вонредните парламентарни избори, а тоа е што социјалистите постигнаа подобар резултат од тој на изборите во 2019 и дека постои можност социјалистите да учествуваат во формирањето на новата влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ