сабота, 9 ноември 2024

Камерната опера на Благоевград настапи во Крива Паланка

Објавено на

часот

Сподели

Публиката имаше можност да ужива во првиот настап на камерната опера со настап на оперски пејачи, оркестар и балетски играчи. На сцената блеснаа врвните тенори:  Јуриј Николов, Михаил Михајлов и Георги Динев, во придружба на оркестарот од Камерната опера од Благоевград под диригентска палка на маестро Георги Еленков и концерт-мајсторот Стоил Богданов.

„Наидовме на прекрасен прием, убави емоции од страна на публиката што ни даде елан да го исполниме концертот со таква посебна енергија и да Ви го претставиме тоа што најдобро го знаеме, а тоа е да пееме и да го претставиме нашето искуство.Приемот од публиката на Крива Паланка беше топол и срдечен и се надевам ќе имаме уште многу прилики да бидеме повторно ваши гости. Репертоарот опфати оперски композиции од Моцарт, Доницети, Пучини, но наша интенција е секогаш да работиме опери кои се прекрасни и истовремено комични, за да ѝ се допаднат на публиката. Нашата последна опера е “Дон Пасквале” од Гаетано Доницети и се надевам ќе можеме да гостуваме со таа фантастична опера повторно и да ја зарадуваме публиката на Крива Паланка“, изјави Јуриј Николов.

На концертот присуствуваше и заменик градоначалникот на Благоевград, кој ги пренесе пораките од градоначалникот на Општина Благоевград, Методи Бајкушев, во знак на почит и благодарност за соработката, промоција на културата, од страна на организаторот, Општина Крива Паланка и институциите од областа на културата, пред се, директорот на ЛУ Градски музеј Крива Паланка на чијашто покана се оствари соработката.

Настанот е дел од манифестацијата “Крива Паланка – Град на културата” и “Есенски музички вибрации”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ