Енди Керол во 2011 стана најскапиот британски фудбалер откако Ливерпул реши да плати 35 милиони фунти за негов ангажман.
Напаѓачот никогаш не ја оправда инвестицијата, и неговата кариера тргна во надолна линија по преселбата на Енфилд.
35 годишниот Англичанец ова лето изненади со одлуката за својата иднина и реши да се пресели во Бордо, во четвртата лига на Франција.
Одредени медиуми шпекулираа дека неговата плата е 3,500 евра месечно, но Енди Керол вели дека всушност игра за помалку.
„Не, платата ми е значително пониска. Нема да ви кажам колку точно заработувам, но за да имате престава, кога се преселив тука, изнајмив една мала куќа, и мојата плата е помала од киријата која ја плаќам“ – вели Енди Керол.
„Не се преселив во Бордо поради парите. Имав и други понуди, можев да играм и во Саудиска Арабија, но тоа не ме интересираше“.
Се верува дека Енди Керол во Борди игра за помалку од 2,500 евра месечно.