„Продолжуваме да соработуваме со Кина, на економски план и на планот за заштита на климата. Кинеската стратегија ѝм дава на нашите односи нова рамка“, напиша Шолц на Твитер.
Тој додаде дека Германија секогаш се занимава со клучните прашања, како што се човековите права, владеењето на правото и фер конкуренција.
„Целта не е да се прекине врската. Сепак, сакаме да избегнеме зависност во иднина. Со кинеската стратегија, ние ѝ одговараме на Кина, која се менува и зазема поофанзивен став“, рече Шолц.
Тој истакна дека за Германија сѐ уште е точно дека „Кина е и ќе остане партнер, конкурент и системски ривал“.
Во истата прилика германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок порача дека Берлин мора да ги намали ризиците во односите со Кина.
„Сакаме да работиме заедно со Кина, бидејќи тоа нѝ е потребно. Но, на Кина ѝ требаме и ние во Европа“, напиша Бербок на Твитер.
Германската влада денеска ја усвои долгоочекуваната стратегија кон Кина, а документот беше усвоен по неколкумесечни препукувања во тричлената владејачка коалиција за тоа колку да се заостри односот кон таа велесила.