Германскиот канцелар Олаф Шолц и српскиот претседател Александар Вучиќ на почетокот на средбата ќе разговараат за билатерални прашања, како и за прашања од меѓународната и европската политика, изјави портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт.
Потоа ќе учествува на „Самитот за критични суровини“ каде меѓу другите ќе учествува и потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчовиќ. На разговорите ќе присуствуваат и бројни претставници од бизнисот.
Како што е најавено, средбата треба да заврши со потпишување на меморандум за разбирање меѓу Србија и Европската Унија за одржливи суровини, синџири за производство на автомобилски акумулатори како и индустријата за електрични возила.
Српската влада на почетокот на неделата даде зелено светло за продолжување на експлоатацијата на литиум во долината Јадра.
Германските медиуми пренесуваат дека договорот е важен за германската автомобилска индустрија, која би имала пристап до литиум, кој е неопходен за производство на акумулатори.
Односите меѓу Србија и Германија се заладени во последно време поради резолуцијата на ОН за Сребреница иницирана од Германија.