четврток, 28 ноември 2024

Шефот на НАТО: Украинците не сакаат преговори бидејќи се во неповолна позиција

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте кажа дека не ја смета за мудра одлуката за вклучување на трупи на западниот воен пакт во конфликтот на територијата на Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека тоа не би била добра одлука“, одговори тој на прашањето на новинарот на Фокс њуз дали НАТО размислува за распоредување трупи доколку трети земји продолжат наводно да ја поддржуваат Русија во конфликтот.

Според Руте, Украина ќе почне мировни преговори дури кога ќе почувствува дека може нешто да добие.

„Во овој момент тие (Украинците) се во неповолна позиција’, истакна генералниот секретар на Северноатлантската алијанса.

Во изминатите неколку недели бројни западни функционери тврдеа дека повеќе (десетина) илјади војници на Северна Кореја се наоѓаат во Курската област во Русија и дека учествуваат во борбите против украинската војска.

Русија, пак, истакна дека САД немаат докази за присуство на воен персонал од Северна Кореја во зоната на „специјалната воена операција“, додека Пјонгјанг овие тврдења ги нарече „валкани маневри“ на САД и нивните сојузници за да го одвратат вниманието од сопствените злосторства и да го продолжат конфликтот во Украина.

Русија и Северна Кореја потпишаа договор за сеопфатно стратегиско партнерство кој подразбира пружање заемна помош, вклучувајќи воена, во случај на агресија на една од страните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ